Кина ќе тестира технологија за 3Д печатење на Месечината

- Advertisement -

Кина планира да ја искористи својата програма за истражување на Месечината за да ја истражи изводливоста на употребата на технологија за 3Д печатење на згради на нашиот природен сателит.

Како што велат од Кинеската национална вселенска администрација, сондата Čang’e-8 би требало да спроведе истражување на животната средина и на минералниот состав на лице место на Месечината за да провери дали некои напредни технологии, како што е 3Д печатењето, може да се користат на површината на Месечината, се вели во соопштението.

- Advertisement -

„Ако сакаме да останеме на Месечината подолго време, мораме да воспоставиме станици користејќи материјали од самата Месечина“ велат оттаму.

Неколку кинески универзитетит, како што се Универзитетот Тонџи и Универзитетот Си’ан Џиатонг, веќе почнаа да ја проучуваат можната примена на технологијата за 3Д печатење на Месечината.

- Advertisement -

Сондата Čang’e-8 ќе биде третата по ред после Čang’e-6 и Čang’e-7 која ќе биде поставена на Месечината во наредната мисија на Кина за истражување на Месечината.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -