Казната за шетање по Бурдва во костим за капење е 200 евра и тоа важи за туристите и за локалното население, одлучија од Општина Будва, а одлуката беше објавена во официјалниот службен весник.
Според Одлуката за комуналниот ред, во костим за капење може да се седи само во зоните за капење. Паричните казни се поригорозни во однос на санкциите кои беа предвидени со претходната одлука.
За почитувањето на оваа одредба надлежна ќе биде Комуналната инспекција и полицијата на Општина Будва, појаснија од полицијата. Со усвојувањето на оваа одлука во локалниот парламент Будва им се придружи на Сплит и на Дубровник, кои воведоа казни за разголени туристи, со таа разлика што казната во Дубровник е 130 евра, а во Сплит е 150 евра.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)