Калифорнија носи револуција во борбата против комарците – користи дронови

- Advertisement -

Во обид да се фати во костец со растечката популација на комарци и да спречи ширење на болести во Јужна Калифорнија, властите почнаа да користат нови методи, а тоа се дронови оружени со топчиња спори исполнети со бактерии. станува збор за високотехнолошки дронови кои носат револуција во контролата на комарците така што го таргетираат нивниот развој во мочуриштата, големите рибници и во парковите.

Невидениот пораст на бројот на комарци после зимата, која имаше рекордни количини дожд, го примора Оринџ Каунти на страстични мерки против оваа сериозна закана по здравјето на луѓето и животните.

- Advertisement -

Вообичаените третмани против комарци вклучуваат интензивни методи како прскаслки, камиони, авиони и хеликоптери, но дроновите нудат попрецизен и помалку инвазивен пристап.

Киет Нгујен, векторски еколог од округот, тврди дека можноста дронот да пристапи до тешко достапни подрачја ја менува целосно ситуацијата. Додека работниците би поминале 0,4 хектари земјиште за повеќе од еден час, дронот тоа ќе го направи за помалку од 2 минути. Овие дронови имаат и дополнителна предност – минимално попречување на локалната вегетација.

- Advertisement -

Самиот третман, исто така, е безопасен за другите диви животни и ги таргетира само ларвите на комарците. Округот Оринџ Каунти се повеќе напредува во борбата против комарците со комбинирање на новата технологија со нвимателно набљудување, но целта им еда се регулира употребата на технологијата на безбеден начин. Округот им налага на операторите со дронови да имаат дозвола за пилотирање на далечина издадена од Федералната управа за авијација, како и лиценца од калифорнискиот оддела за регулирање ан пестицидите за техничка контрола на векторот.

На дроновите им е дозволено да летаат и над населени места. Комоанијата Leading Aerial Technologies ги произведува дроновите PrecisionVision 35, кои се користат за дитрибуцијата на третманот против комарци во форма на гранули или течни ларвициди, додека дроновите Ispire 2 на компанијата DJI вршат надзор.

- Advertisement -

Додека болестите кои ги пренесуваат коамрците долго време претставуваат закан по јавното здравје, неодамнешниот раст на популацијата уште повеќе предизвика загриженост. Управата на ЕУ за превенција на болести истакна дека поради климатските промени има зголемен ризик од вирусни болести пренесени од комарците.

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -