Vodafone ќе отпушти од работа 11.000 вработени

- Advertisement -

Новата шефица на Vodafone, Маргерита Дела Ваље, изјави дека во наредните три години ќе отпушти од работа вкупно 11.000 вработени со цел да и помогне на телеком групацијата да стане поконкурентна откако претрпе големи загуби поради лошите перформанси на нивниот најголем пазар, Германија. Акциите на Vodafone паднаа на најниско ниво од јануари досега.

Ова кратење работни места е најголемо откако постои компанијата досега, каде што работат вкупно 90.000 луѓе во Европа и во Азија. Дела Ваље минатиот месец доби мандат на чело на Vodafone со цел да ја реорганизира компанијата. Таа вели дека за да им нудат најдобри услуги на корисниците, Vodafone мора да се менува. додаде дека нејзините приоритети се корисниците, едноставноста и растот.

- Advertisement -

Дела Ваље почна со кратење работни места на почетокот на годинава, кога дојде во компанијата, а главно ги таргетира централните операции во Лондон. Новите откази ќе бидат поделени на сите пазари, а најмногу кратење повторно ќе има во центарот.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -