Facebook сега вреди повеќе отколку кога било порано

- Advertisement -

Критиките за Марк Цукерберг и Facebook ги слушаме со месеци. Проблемите со приватноста, лажните вести, политичкото огласување, скандалот со Cambridge Analytica се само некои од проблемите кои ја одбележаа минатата година за Цукерберг. Но, сето тоа не ја разниша компанијата, во чија сопственост се наоѓаат и Instagram, WhatsApp и Messenger. Имено, компанијата на крајот на минатата недела ја достигна својата највисока пазарна вредност во историјата. При затворањето на берзата во петокот цената на акциите на Facebook достигна 218,30 долари, додека пазарната вредност на компанијата достигна 622 милијарди долари.

Да се потсетиме на времето кога Facebook само што излезе на берза. Ни тоа не помина без скандал и на почетокот беше забележан голем пад на вредноста на акциите – тогаш можеа да се купат по цена од 20 долари, а сега вредат 11 пати повеќе. Потоа следуваа период на раст и падови на компанијата, што особено се однесува на 2018 година кога поради малиот раст на бројот на корисници и најавата за растот на трошоците за еден ден беше избришана вредност на компанијата од дури 120 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -