Туристичките патувања се вратија на нивоа од пред пандемијата, но не сите градови се радуваат на враќањето на туристите.
Преголемиот број туристи стана голем проблем низ сите поголеми градови во Европа, а ова особено е случај во популарните туристички дестинации.
Користејќи податоци од туристичкиот пребарувач „Холиду“, Еуроњуз ги спореди бројките на туристи од 2019 година со бројот на население во европските градови.
Убедливо најмногу туристи по глава на жител има хрватскиот град Дубровник, каде на секој локален жител има по дури 36 туристи. На второто место се наоѓаат италијанскиот град Венеција, белгискиот Бриж и грчкиот Родос, каде односот е 21 турист на секој локален жител.
Во првите денес најпреплавени градови со туристи во Европа се уште и исландскиот главен град Рејкјавик (16 туристи по глава на жител), Фиренца во Италија и Ираклион во Грција (13), Амстердам во Холандија (12), Даблин во Ирска (11) и Талин во Естонија (10).
Од другите поголеми европски главни градови Париз има 9 туристи по глава на жител, Атина и Прага имаат по 8, додека Единбург има 7 туристи на секој жител на градот.
Со цел да се справат со гужвите, некои дестинации веќе воведоа рестрикции – од граница за посетители во Марсеј, до забрани за крузери во Венеција.
Фото – Pixabay