LG на CES 2020 ќе претстави робот кој чисти и брише подови

- Advertisement -

Меѓу бројните уреди за домот и производите кои LG ќе ги претстави на Саемот за потрошувачка електроника CES 2020 во Лас Вегас е и роботската правосмукалка CordZeroThinQ R9, која доаѓа со најнови технологии за навигација и препознавање на околината. Освен неа, LG ќе го претстави и роботот CordZeroThinQ Robotic Mop, односно роботски бришач и чистач на подови, кој има иста навигациска технологија, Dual Eye камера и вештачка интелигенција која може прецизно да открие и да ја препознае околината за да избегне сидури со мебелот и со домашните миленици.

Благодарение на напредниот систем за автоматско снабдување со вода, двете брзо ротирачки перничиња секогаш имаат доволна количина вода за чистење без да остават вирчиња вода зад себе. Освен тоа, се прилагодуваат на различни подови и нивоа на чистење, па корисниците можат да го зголемат, да го намалат или да го исклучат протокот на вода.

- Advertisement -

Корисниците на роботскиот бришач кои ја поседуваат и правосмукалката CordZeroThinQ R9 можат да ги поврзат двата уреди преку WiFi и да создадат совршена мрежа за чистење на домот. Откако R9 ќе заврши со собирање на ѓубрето, го известува CordZeroThinQ Robotic Mop за деловите од домот каде што треба да се брише. со други зборови, LG препорачува да се купат и двата уреди.

Сподели!
- Advertisement -