Онлајн игра за Преспанското Езеро доби награда во Грција

- Advertisement -

Онлајн играта “Exploring Prespa” („Истражувајќи ја Преспа“), создадена како дел од проектот PoliPrespa, освои награда на натпреварот за најдобар Грчки графички дизајн и илустрација во категоријата „Општи дигитални апликации“.

Грчките награди за графички дизајн и илустрација (Greek Graphic Design & Illustration Awards) се водечки настан во Грција во областа на визуелните комуникации. Пријавените проекти на овој натпревар се карактеризираат со визуелен идентитет кој треба да одразува спој на регионалните карактеристики со современиот дизајн.

- Advertisement -
Фото: Society for the Protection of Prespa

Во слујачот на проектот “Exploring Prespa” се работи за колоритна и интерактивна игра преку која децата можат да се запознаат со природната средина, културните споменици и секојдневниот живот на луѓето во регионот на Големото и Малото Преспанско Езеро, преку собирање сликички и откривање звуци.

Успешното спроведување на идејата и доловувањето на уникатниот пејсаж на Преспа на ваков оригинален и креативен начин е дело на дизајнерското студио Faze и софтверската компанија No Matter.

- Advertisement -

Онлајн играта “Exploring Prespa” е достапна преку следниот линк.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -