Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ успешно се реализира во осумте плански региони – приклучете се!

- Advertisement -

Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата, успешно се реализира веќе осум месеци, а предвиден е трае до април 2019 година, со вкупно времетраење од 16 месеци

Организациите спроведувачи, ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, активно реализираат повеќе активности, во неколку фази, со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

 

- Advertisement -

Општата цел на проектот е да придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата на Република Македонија, преку поддршка на различен екосистем за претприемништво, вклучувајќи ги жените и граѓанското општество.

- Advertisement -

Проектните активности започнаа со промоција на проектот и проектните цели и активности во периодот март-мај, во сите 8 плански региони, запознавајќи ги при тоа жените, институциите, другите релевантни стејкхолдери и пошироката јавност, со проектот и можностите кои тој ги нуди за сите кои ќе се вклучат при неговата имплементација. Преку настаните се презентираше важноста на проектот за развојот на женското претприемништво, се претставија проектните партнери – организациите имплементатори, проектните цели, активности и резултати, како и примери и политики за конкурентност во женското претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.

- Advertisement -

 

За подобра покриеност на планските региони, проектниот тим ангажираше и локални координатори, кои поминаа тридневна обука за тренинг на тренери (ТоТ), во рамки на проектот. Со тоа тие се здобија со сите потребни знаења и способности, во поглед на селекција на кандидатки за планираните обуки, но и за одржување на почетните работилници за страт-ап, бизнис и занаети, кои во низа се реализираа во тек на месец јуни, одржани од страна на локалните координатори, наменети за жени кои започнуваат или имаат идеја наскоро да започнат сопствен бизнис. Беа реализирани 8 обуки на македонски јазик, во сите опфатени градови од регионите, и уште една обука во Тетово, на албански јазик.

 

Како мотивација и предизвик, за жените кои сакаат да се вклучат во претприемачките води, снимени се и 8 кратки филмови, кои ќе се споделуваат на локалните медиуми, а може да се проследат и на YouTube каналот на проектот.

 

Потоа следеа 8 округли маси со сите релевантни стејкхолдери, во сите плански региони. Претставници од институциите, локалните и регионалните тела, граѓански организации и бизнис заедницата, дискутираа за важноста на учеството на жените во претприемништвото, економската стабилност, моменталната состојба на локално ниво и можностите и за поддршка и јакнење на женското претприемништво.

 

Во тек на проектната реализација воспоставен и достапен за пристап и употреба е и WE MAKE веб портал, кој предвидува функционален виртуелен инкубатор, хуб за извоз и за онлајн тренинзи, како и редовно информирање на сите заинтересирани, постоечки и потенцијални претприемачки, за сите новини и отворени можности.

 

 

Следна активност е студиска посета на Хрватска за B2B средби и размена на искуства со Хрватската стопанска комора (ХГК) и високи претставници на локалната власт, хрватските кластери и здруженија на бизнис жени, локални бизнис центри и жени претприемачки, со вклучено запознавање, размена на искуства и можност за соработка и менторство. Со состаноци, во рамки на посетата, опфатени се градовите – Вуковар, Загреб, Оточац, Сињ, Сплит и Дубровник, со постоечките здружениејна и кластери за женско претприемништво, социјални претпријатија, извозни, зелени, иновативни и други женски бизниси и релевантни институции за поддршка на бизнисот, како и локални, регионални и државни претставници и институции, организирани од страна на ГТФ, а со поддршка од Здружението на бизнис жени.

Имплементацијата на проектот продолжува со промоција и серии на обуки, во сите 8 плански региони, преку нестереотипна и иновативна програма за кодирање, со кои ќе бидат опфатени мин. 500 средношколци. Преку проектните интервенции и ресурси ќе се овозможи поддршка со обуки за нови технологии, Coding/ICT/STEM/Green/Social, ланци на набавки, извоз и кластеринг, на жени претприемачки, а од вклучените потенцијални старт – ап жени и девојки, преку повратни информации и менторство, понатаму  ќе произлезат нови бизниси на жени.

Сите заинтересирани лица, понатамошните активности и информации поврзани со проектот, може да ги следат на линковите:

https://wemake.mk/

https://www.facebook.com/WE-MAKE-Women-Entrepreneurship-for-Competitiveness-180063836052297/

и на фб страната на Здружението на бизнис жени:

https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/

 

Сподели!
- Advertisement -