За бургери и фудбал, кој би кажал не

- Advertisement -

Компанијата TASKFORCE, која има свои кацеларии на два континенти, во САД (Чикаго, Ноксвил, Чарлстон) и Европа (Загреб, Скопје, Битола, Прилеп…а а наскоро и Штип) е глобално позната компанија во светот на осигурувањето, здравствената заштита, финансии и логистика, при што сервисира големи клиенти, нудејќи професионални услуги од своите канцеларии низ Македонија за светот. Наскоро, оваа компанија во Македонија ќе каже добредојде на својот 2.000-ти вработен за кој подготвува голема прослава во Битола на 17 јуни.

TASKFORCE е позната по својата посветеност кон вработените и постојано за својот броен тим организира интересни настани, за поттикнување на позитивна работна култура, па така неодамна организираше незаборавен настан кој обедини бургери, музика и фудбал. Додека светот го прославуваше Светскиот ден на скарата, TASKFORCE ја искористи можноста да создаде тука локално, супер атмосфера за своите вработени. Така, се здружија со талентираните бургер уметници од Jojo’s Bar-B-Q, a настанот послужи како платформа за славење на успехот на победниците на возбудливиот фудбалски турнир на компанијата, кој е веќе традиција.

- Advertisement -

„Во TASKFORCE веруваме дека поттикнувањето на позитивна работна средина оди подалеку од ѕидовите на канцелариите. Ние создаваме можности за нашите вработени да се поврзат, да се релаксираат и да ги слават нивните достигнувања.

Следете не за повеќе возбудливи настани додека продолжуваме да создаваме незаборавни искуства за нашиот неверојатен тим. Заедно, градиме просперитетна и поддржувачка работна култура која инспирира”- изјавија од компанијата.

Сподели!
- Advertisement -