Ова се новите цени на горивата

- Advertisement -

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство, од полноќ, поевтинуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на „еуросупер 98“, се намалува еден денар, и од полноќ, ќе изнесува  82 денари за литар. За половина денар поевтинува „еуросупер 95“ и ќе чини 80 денари за литар. За половина денар по литар, поевтинува и  екстра-лесното масло за домаќинство, со што, новата цена ќе изнесува  67,5 денари.

- Advertisement -

Се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,57 денари, и сега ќе изнесува 39,6 денари за килограм. Цената на еуродизелот не се менува. Ова гориво, и натаму ќе се продава за 69 денари за литар.

Сподели!
- Advertisement -