Овој паметен завој ви кажува кога оздравела раната која се наоѓа под него за да не мора постојано да ја проверувате. Завојот може да се растегнува, да се пере и да се реупотребува и нема потреба од батерии или друг извор на струја.
SmartHEAL функционира така што ја следи Ph вредноста на раната, а безжично комуницира со телефон или таблет.
Вообичаено, бидејќи обичните завои мора да се отстранат за да се провери до каде е лечењето на раната, тоа го забавува заздравувањето и постои ризик од инфекција.
Тројца дипломци на Технолошкиот универзитет во Варшава го дизајнираа SmartHEAL и само што ја освоија наградата James Dyson Award вредна 35.000 долари. Завојот може дури и да детектира евентуална инфекција и да им каже на луѓето со хронични рани треба да го сменат завојот.
Хроничните рани се причина за смрт за многу луѓе постари од 70 години. За разлика од обичните рани, тие мора да бидат покриени, па затоа е тешко да се знае кога да се смени завојот. Најчестата грешка која се прави е тоа што претешко се менува завојот. Тоа може да доведе до сериозни болести и честопати и смрт.
Тимот планира да ги искористи своите 35.000 долари од наградата за да направи клинички истражувања. SmartHEAL ќе биде достапен да се купи од 2025 година.
(World Economic Forum)
(фото: Hippo.px)