ВИДЕО: Робот учи како да готви со гледање видеа

- Advertisement -

Роботите се иднината на многу индустрии. Роботите се обучуваат да вршат широк дијапазон на задачи многу попрецизно од луѓето. Совладувањето на уметноста на готвењето се уште не е една од тие задачи. Сепак, изгледа дека роботите наскоро ќе ја совладаат и оваа човечка вештина.

Истражувачи од Универзитетот Кембриџ го направија првиот чекор во тој правец. Тие обучија робот-готвач да приготвува рецепти кои ги видел на видеа. Роботот во текот на експериментот бил програмиран да направи осум едноставни рецепти за салати. Истражувачите се снимале себеси како ги прават овие салати за да го обучат роботот.

- Advertisement -

Најпрвин роботот го гледал видеото на кое готви човек. Откако ќе го изгледал, роботот можел да го копира рецептот и да го приготви. Овие видеа кои ги гледал му помогнале да напише и сопствена книга со рецепти.

Според официјалното соопштение, овие видеа му помогнале на роботот самиот да состави нов, деветти рецепт.

- Advertisement -

„Сакавме да видиме дали можеме да го научиме роботот да готви како и луѓето – да ги идентификува состојките и да научи кои одат едни со други“ вели Гржегорж Сочацки од Катедрата за инженеринг и прв автор на студијата.

Тимот користел јавно достапни алгоритми за да го програмира роботот да ги научи рецептите. Роботот бил обучен да ги препознава предметите, вклучувајќи го овошјето и зеленчукот, како и лицето на демонстраторот. Тој гледал вкупно 16 видеа, а точно ги препознал рецептите во 93% од случаите.

- Advertisement -

„Неверојатно е колку роботот може да ги препознава нијансите. Овие рецепти не беа сложени, туку само секцање овошје и зеленчук, но беше многу ефективен во препознавањето“ вели Сочацки.

Резултатите се објавени во весникот IEEE Access.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -