Мегаватен електричен мотор за револуција во воздухопловството

- Advertisement -

Научници и инженери од Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) работат на електричен мотор од 1 мегават кој ќе биде отскочна штица кон електрификација на комерцијалните авиони. Сите се сложуваат дека електричните мотори се иднината на воздухопловството, но засега се ограничени на многу кратки летови со мали авиони затоа што најдобрите електрични мотори можат да понудат само неколку стотини киловати снага.

За електрификација на поголемите, потешки авиони, како што се комерцијалните авиони, потребни се мотори со снага од барем 1 мегават, кои ќе ги придвижуваат хибридните или турбоелектричните погонски системи.

- Advertisement -

За да ја задоволи оваа потреба тим од инженери од МИТ сега создава мотор од 1 мегават. Тимот ги дизајнираше и ги тестираше главните компоненти на моторот и со понатамошни пресметки покажа дека споените компоненти можат да работат како целина за генерирање на 1 мегават снага, по тежина и по големина конкурентни на моментално малите авионски мотори.

За целосно електрична примена тимот предвидува дека моторот може да се комбинира со извор на електрична енергија како батерија. Моторот тогаш би можел да ја претвора електричната енергија во механичка работа за погон на пропелерот на авионот. Моторот би можел да се комбинира и со традиционален турбопропеерски млазен мотор за да работи на хибриден погон.

- Advertisement -

“Без оглед на тоа што користиме како носител на енергија – батерија, водород, амонијак или одржливо авионско гориво, моторите од мегаватна класа ќе бидат клучен двигател на еколошкото воздухопловство“ вели Золтан Спаковски, професор по аеронаутика и дирректор на лабораторијата GTL на МИТ.

Спаковски и неговиот тим заедно со соработниците ќе ја претстават својата работа на посебна седница на Американскиот институт за аеронаутика и астронаутика во рамките на конференција за воздухопловство во текот на јуни.

- Advertisement -

Откако тимот на МИТ успешно ќе го демонстрира електричниот мотор во целина, велат дека дизајнот би можел да поттикне на креирање регионални авиони и исто така би можел да оди рака под рака со конвенционалните млазни мотори.

(MIT)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -