ВИДЕО: Ова е првиот роботски паркинг во светот

- Advertisement -

Во 2013 година тројца иноватори од Франција почнаа да работат на роботски решение за долгогодишниот проблем со недостигот од место за паркирање. Станува збор за компанијата Stanley Robotics.

Главниот производ на Stanley Robotics е роботот Stan. Тој робот е автономно паметно возило за транспорт кој може да пренесува паркирани возила од едно на друго место. Ги зема автомобилите така што ги закачува за предниот или за задниот дел и тоа му овозможува да ги складира поблиску едно до друго, со што се зголемува просторот за складирање и притоа да се остави простор за да влезе и да излезе возачот.

- Advertisement -

Секој Stan робот е опремен со литиум- јонска батерија и може да се полни автономно кога ќе има потреба. Роботот има тркала кои се ротираат 360 степени и подлога која овозможува да се менува формата и големината на роботот за да се прилагоди на големината на возилото.

Секој робот е опремен со сензори и системи за детекција на пречки, кои му помагаат да се снајде во многу густо паркирани возила.

- Advertisement -

(Startup Selfie)

(фото: Stanley Robotics)

Сподели!
- Advertisement -