Во периодот од јануари до април годинава, во однос на претходната година, бројот на туристи е зголемен за 24.3%, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Оттаму додаваат дека кај домашните туристи има намалување за 3.6%, но кај странските туристи има зголемување за 46.1%.
Истовремено, бројот на ноќевања е зголемен за 13.6%, односно кај домашните туристи има намалување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 29%.
Бројот на туристи само во април пак изнесува 69.934, од кои 25.8% се домашни, а 74.2% се странски туристи. По земји, најбројни биле туристите од Турција – 12.855, по што следуваат туристите од Србија – 5.730 и од Грција – 4.328.
Бројот на ноќевањата во изнесува 130.702, од кои 28.4% се домашни, а 71.6 % се странски туристи.