САД одобрија продажба на месо одгледано во лабораторија

- Advertisement -

Две американски компании, Upside Foods и Good Meat, вчера соопштија дека конечно добиле одобрение од американското Министерство за земјоделство, за продажба на место одгледано во лабораторија. Со ова одобрение САД стануваат втората земја во светот, после сингапур, која дозволи продажба на т.н. одгледано месо, а кое се добива од примероци од клетки од животинско потекло кои потоа се хранат и се одгледуваат во челични бочви.

Тие компании се првите кои ја завршија постапката за одобрување на одгледано месо во САД, а која се состои од повеќе чекори. Американската агенција за храна и лекови веќе утврди дека месото е безбедно за консумација.

- Advertisement -

„Ова е остварување на нашиот сон. Со ова започнува нова ера“ изјави директорката на Upside Foods, Ума Валети.

Компаниите, кои произведуваат лабораториски одгледано пилешко месо, планираат своите производи најпрвин да ги послужат во луксузни ресторани пред да го зголемат производството, со цел да постигнат пониска цена за тргување со мешовита стока.

- Advertisement -

Пилешкото месо на Upside прво ќе се служи во ресторанот на шефот Доминика Крен во Сан Франциско, Bar Crenn. Месото на Good Meat, пак, прво ќе се продаде на групацијата Jose Andreas, во сопственост на истоимениот шеф.

Компаниите уште немаат утврдено точна временска рамка во која ќе се најдат нивните производи во чинија. Од Upside соопштија дека наскоро ќе ја објават локацијата на новиот производствен погон во САД, кој ќе биде 10-20 пати поголем од постојниот во Емервил во Калифорнија.

- Advertisement -

Фирмите кои се занимаваат со производство на лабораториски одгледано месо се надеваат дека нивните производи ќе станат привлечна алтернатива за љубителите на месо кои бараат еколошки поприфатлива и похумана опција, кои, пак, не се задоволни со вегетаријанските производи кои веќе постојат на пазарот.

Сточарското производство создава 14,5% од глобалната емисија на стакленички гасови, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство при ОН.

(Zimo)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -