Преку 50 дестинации од Македонија, од денеска нова авиолинија Скопје – Осло

- Advertisement -

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, на Меѓународниот аеродром Скопје ги пречекаа првите патници на линија Осло – Скопје со што го означија воспоставувањето на новата авиолинија, која ќе ја оперира авиокомпанијата Норвеџиан Ерлајнс.

Овој месец се воспоставија неколку нови линии од охридскиот аеродром, а од денеска и линијата Скопје – Осло која ќе биде реализирана преку авиокомпанијата  Норвеџиан Ерлајнс. Линијата ќе сообраќа два пати во неделата и уверен сум дека ќе отвори многу нови перспективи и зближување помеѓу двете земји.

- Advertisement -

„Оваа година сме на добар пат да оствариме рекордно ниво на авиосообраќај од нашите два аеродрома, каде само за споредба во периодот јануари – средина на јуни 2023 имаме зголемување од 44% во однос на истиот период изминатата 2022 година, што е силен доказ за нашата посветеност и упорност да овозможиме подобри услови и услуги во авиосообраќајот во земјава“, изјави министерот Бочварски.

Сподели!
- Advertisement -