ВИДЕО: Сензор детектира знаци на воспаление преку потта

- Advertisement -

Воспаленијата се поврзуваат со повеќе ментални и физички пореметувања, вклучувајќи ги и трите најголеми убијци во светот: исхемиската болест на срцето, мозочните удари и хроничната опструктивна белодробна болест. Додека акутните воспаленија се одговор на природниот начин на телото за борба против инфекции и побрзо заздравување, долготрајните или хроничните воспаленија може да доведат до неповратно оштетување на ткивата. Можноста за брзо и едноставно откривање на воспаленијата се клучни за побрзо лекување. Мерењето на нивото на Ц-реактивниот протеин (CRP) во крвта вообичаено се користи како биомаркер за воспаленијата, но бара и сложена лабораториска опрема и персонал за анализа на примероците на крвта.

Сега истражувачи од Калифорнискиот институт за технологија Caltech развија нов преносен сензор, наречен InflaStat, кој безжично и неинвазивно го следи воспалението со мерење на нивото на CRP во човечката пот.

- Advertisement -

Истражувачите морале да надминат повеќе пречки за да можат да го направат првиот сензор од тој тип за анализа на потењето. Главната пречка е тоа што CRP потешко се открива отколку некои други молекули. Присутен е во крвта во значително помали концентрации од останатите биомаркери, а молекулите му се многу поголеми, што значи дека е потешко да се излачат од крвотокот во потта.

InflaStat е направен од ласерски гравиран графен кој содржи мали пори кои создаваат голема површина. Порите содржат антитела кои се врзуваат на CRP и посебни моелкули кои се нарекуваат редокс молекули, способни да генерираат мала електрична струја под одредени услови. Во структурата на сензорите вградени се и наночестички на злато, од кои секоја носи посебен сет на антитела кои откриваат CRP, како што можете да видите од видеото.

- Advertisement -

Кога CRP молекулите од попотта ќе влезат во сензорот се врзуваат за антителата детектори и антитеелата во порите на графен. Наночестичките потоа се врзуваат за графенот и ги поттикнуваат рекодс молекулите да генерираат електрична струја, која ја отчитуваат електронси компоненти споени на сензорот.

Бидејќи секоја наночестичка на злато содржи многу детекториски противтела, сигналот кој е многу мал е засилен многу повеќе од сигналот кој би го произвела една молекула на CRP.

- Advertisement -

Истражувачите го тестирале InflaStat на здрави доброволци, пациенти со опструктивна белодробна болест и кои закрепнале од КОВИД-19. Откриле дека сензорот е удобен за ноесење и дека може да даде информации за воспалителни биомаркери неинвазивно и безжично. Податоците се прикажуваат на соодветна апликација за телефон во реално време.

Студијата е објавена во списанието Nature Biomedical Engineering.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -