Два европски града одлучија минималната плата да изнесува 4.075 евра

- Advertisement -

Два швајцарски града воведуваат минимална плата која ќе изнесува 23,9 односно 24 швајцарски франци на ден. Со тоа се придружуваат на групата покраински кантони кои веќе ја регулираа висината на минималната плата на вработените граѓани.

Минималната плата вообичаено е решение во западните либерални демократии но минималните плати кои се воведуваат во Цирих и Винтертур предничат со висината. Се работи за износ од околу 4.000 швајцарски франци месечно што е околу 4.075 евра.
За споредба, минималната плата во Германија е околу 2,7 пари пониска од таа во Цирих и Винтертур.

Политичката поддршка за високатa минимална плата е повеќе од јасна. Во Цирих ја поддржуваат 70% од граѓаните, во Винтертур 65,5%. Иницијативата за подигање на минималната плата ја водеа левите партии со теза дека тие кои многу работат мора и пристојно да заработат.

- Advertisement -

Градското собрание на Винтертур најпрвин го поддржа умерениот против-предлог на оваа иницијатива, но кога тоа не помина во парламентот се изјасни за иницијативата “Плата за живот“.

Дел од политичката сцена во државата смета дека оваа мерка нема да придонесе Цирих да стане поатрактивен како бизнис дестинација и дека се уште има многу неодговорени прашања како ќе се имплементира оваа мерка.

- Advertisement -

Само во Цирих околу 17 илјади лица заработуваат помалку ид 4.000 франци месечно. Тоа главно ги погодува работниците во малопродажба, хигиена и угостителство.

Сподели!
- Advertisement -