Револуционерна нова метода песокот го претвора во обработливо земјиште

- Advertisement -

Суровите услови во Таклaмакан, најголемата пустина во кина и еден од најсушните региони во светот, која се наоѓа длабоко во автономниот регион Синџианг Ујгур, значат дека освен зрнцата пеок кои боцкаат по телото кога ги носи ветрот, таму нема ништо друго.

Условите таму се несоодветни за земјоделство, па локалното население се снабдува со храна од другите провинции. Меѓутоа, неколкумина колекги од Универзитетот Чонгчинг Џиатонг сакаат да ја сменат оваа ситуација користејќи иновативна техника за „поземјување на пустината“. Со други зборови, тие го претвораат неплодниот пустински песок во продуктивно, обработливо земјиште по пристапна цена.

- Advertisement -

Тие пантетираа процес на правење смеса направена од растителна целулоза и песок, која со нанесување на површината на пустината на песокот му дава својства на почва, со истата способност да ја задржи водата, воздухот и ѓубривото.

Таа смеса во 2013 година ја развија професорот Ји Џиџиани неговиот тим после години истражувања. Ји е специјалист по механика на честичките.

- Advertisement -

Во 2016 година во пустинатаУлан Бух во централна Монголија песочна парцела дупло поголема од терен за фудбал со оваа нова метода успешно е претворена во плодна почва, на која сега се одгледува ориз, пченка, патлиџани, лубеници и сончоглед. Потоа технологијата е тестирана на повеќе локации со користење на експерименти за садење на поголеми површини. Трошоците за таквите третмани биле од 4.189 до 6.283 долари по хектар.

Овие успешни испитувања му овозможиле на тимот да добие и меѓународни признанија, меѓу кои и еколошката награда Earthshot Prize за 2022 година.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -