ВИДЕО: Успешно реализиран првиот комерцијален лет до работ на вселената

- Advertisement -

Тројца Италијанци станаа првиот екипаж кој леташе на првиот комерцијален лет на компанијата Virgin Galactic до работ на вселената. Полетувањето беше направено без никакви проблеми и леталото VSS Unity без проблеми се одвои од своето матично летало и се вивна до работ на вселената на висина од 80 км од површината на Земјата.

Во текот на неколку минути бестежинска состојба можеа да се видат астронаутите како се движат по кабината и прават одредени експерименти. Како што објавија од Virgin Galactic, на посебно направеното летало имало двајца претставници на италијанските воздушни сили и воздухопловен инженер од Националното истражувачко собрание на Италија. Ним им се придружија двајца пилоти на леталото и инструктор од Virgin Galactic.

- Advertisement -

Во текот на летот, кој требаше да трае околу 90 минути, леталото ги одведе околу 80 км над пустината во Ново Мексико. Леталото полета од Spaceport America во Ново Мексико. Кога достигна висина од 15 км, VSS Unity се одвои од млазниот носач и полета право нагоре со суперсонична брзина. На врвот од летот ги изгасија моторите и екипажот се најде во бестежинска состојба. Посе неколку минути леталото почна да се враќа во атмосферата и почна да се спушта на Земјата.

Овој лет, со ознака Galactic 01, следуваше две години откако самиот основач на компанијата, Ричард Бренсон, со својата екипа на соработници го направи првиот тест лет со полн екипаж на VSS Unity.

- Advertisement -

За разлика од претходните летови, кои беа тестови, овој лет освен што ќе биде запишан во историјата како првиот комерцијален лет, тееба да биде и нпрвиот научен лет. Имено, Италијанците собираа повеќе биометриски податоци, мереа конгиивни перформанси и правеа мали експерименти со течности во микрогравитација.

Virgin Galactic планира да продолжи со комерцијални летови на почетокотна август. Како што откриваат, првите 1.000 купувачи на билети плаќаат по околу 250.000 долари за седиште. Од компанијата порачаа и дека планираат да направат цела флота вакви летала за годишно да можат да прават 400 летови.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -