Германија го олеснува влезот на работна сила. Бундестагот го усвои законот за работни визи. Се бараат 400.000 работници. Германските власти велат дека недостигот на квалификувани работници е еден од најголемите успорувачи на растот на германската економија.
„Затоа, неопходни ни се имигранти. Потребни ни се скоро 400,000. Но, мора да се намалат бирократските процедури. Недозволиво е да треба да пополнувате 17 различни апликации за да доведете нов негувател во земјава”, изјави Ненси Фејзер, министер за внатрешни работни во Германија.
Новиот закон се базира на системот на поени, со кој ќе им се овозможи на странците да побараат работа ако имаат најмалку 6 поени од бараните критериуми. Меѓу нив се познавање на јазикот, универзитетска диплома или стручност. На високо квалификуваните ќе им се дозволи покрај брачниот партнер да ги донесат и роднините. Кандидатите кои ги имаат бодовите ќе добијат таканаречена картичка на можности, која нуди привремена работа, па дури и за пробно вработување. Македонија дополнително ќе остане без работна сила. Работодавачите и сега се жалат дека тешко наоѓаат работници.
Извор – Кариера.мк