Откриена егзопланета која не би требало да постои

- Advertisement -

Неодамнешната студија која ја спроведе меѓународен тим од астрономи, вклучувајќи го Даниел Хубер од Универзитетот во Сиднеј, дојде до интересно откритие во врска со една ѕвезда слична на нашето Сонце. Хубер во напис за The Conversation го коментира и го појаснува тоа истражување.

Ѕвездата, позната како Баекду, има планета по име Хала, која ѕвездата одамна требало да ја проголта врз база на нејзината моментална еволутивна фаза. РЕзултатите, кои се објавени во списанието Nature, претставуваат збунувачка ситуација и предлагаат можни објасненија.

- Advertisement -

Потрагата по егзопланети, планети надвор од нашиот Сончев систем, стана брзорастечко поле во астрономијаѕа. Со над 5.000 досега откриени егзопланети астрономите проценуваат дека во нашата гакалсија во просек има најмалку една планета по ѕвезда. Хубер појаснува дека најголем дел од напорите во истражувања на егзопланетите се насочени на ѕвезди од главната низа, слични на нашето Сонце, кои се стабилни и способни да поддржуваат планети слични на Земјата. Ѕвездите од главната низа се одговорни за над 90% од поснатите откритија на егзопланети.

Како што стареат ѕвездите, поминуваат низ промени како и луѓето. Кога ѕвездфата ќе го изцрпи своето водородно гориво, нејзиното јадро се собира додека надворешниот дел се шири, што резултира со фаза позната како „црвен џинc“. Во текот на таа фаза ѕвездите можат да пораснат до 100 пати повеќе од првичната големина. За приближно 5 милијарди години нашето Сонце ќе влезе во таа фаза и ќе се прошири дотолку што ќе може да го проголта Меркур, Венера, а можеби и Земјата. Потоа јадрото станува доволно врело за ѕвездата да се спои со хелиум, поради што се смачува на отприлика 10 пати од своите првични димензии и одржува постоја но горење милиони години, опбјаснува Хубер.

- Advertisement -

Стотици планети се откриени во орбитата околу црвени џиновски ѕвезди, вклучувајќи ја и планетата Хала и нејзината ѕвезда Баекду. Но, новите податоци кои ги собраа од НАСА дадоа неочекувани резултати за Баекду.

Хубер појаснува дека за разлика од други црвени џинови кои држат егзопланети во блиските орбити, откриено е дека Баекду веќе почнала да спојува хелиум со своето јадро. Бо наведената анализа користена е астеросеизмологија, техника која ги проучува брановите во јадрото за да се одреди материјалот што гори. Фреквенциите на брановите, пишува Хубер, јасно покажале дека во јадрото на Баекду се случува фузија на хелиум.

- Advertisement -

Ова откритие поставува една загонетка: ако Баекду поминува низ таа фаза, треба да била многу поголема во минатото и како досега не ја проголтала Хала? На почетокот мислеле дека Хала никога не постоела, но дополнителните анализи го потврдиле нејзиното постоење.

Така, се појавиле две сценарија за објаснување на ситуацијата меѓу Баекду и Хала. Прв, ако Баекду некогаш бил дел од бинарен ѕвезден систем, Хала можеби избегнала проголтување. Спојувањето на две ѕевзеди можеби го спречило ширењето до величина за да може да проголта планета.

Второ, Хала можеби била релативно млада планета. При спојувањето на двете ѕвезди можеби се создал облак од гас и прашина, од кој настанала Хала. Во тоа сценарио Хала би била планета од вторагенерација, неодамна родена од судир на две ѕвезди.

(The Conversation)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -