Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

- Advertisement -

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој.

Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за учество на конференцијата е започнато, а билетите веќе се пуштени во продажба. Деталната програма и сите информации за говорниците и билетите може да се најдат на www.biznisarena.mk.

- Advertisement -

„Бизнис Арена“ е создадена како платформа на која знаењето се поврзува со конкретни деловни можности. На едно место ќе се сретнат претприемачи, сопственици на компании, менаџери, домашни и меѓународни експерти, претставници на институциите и професионалци што носат одлуки и создаваат нови партнерства.

Во фокусот на конференцијата ќе бидат прашањата што се клучни за иднината на македонскиот бизнис: како локалниот бренд да стане меѓународно релевантен, кога компанијата е подготвена за извоз, што е потребно за успешен настап на нов пазар и како да се изгради бренд што создава долгорочна вредност.

- Advertisement -

Она што ја прави „Бизнис Арена“ поинаква е концептот „Три зони. Една конференција.“ Наместо класичен формат во кој посетителите само слушаат предавања, конференцијата нуди целосно деловно искуство преку три меѓусебно поврзани содржини.

Eкспозеата на говорниците ќе донесaт инспиративни разговори за растот и развојот на брендовите, актуелни теми и динамични дискусии меѓу различни деловни перспективи. Во посебен дел ќе се обработуваат практичните знаења, конкретните алатки и стратегии што учесниците ќе можат веднаш да ги применат во своето работење. Дополнително обезбеден е простор за вмрежување, B2B средби, индивидуални консултации и директно поврзување со потенцијални партнери, клиенти и експерти.

- Advertisement -

„Бизнис Арена 2026“ ќе обедини бројни домашни и меѓународни говорници од бизнисот, институциите и експертската јавност, кои ќе споделат различни перспективи и искуства за растот, конкурентноста и настапот на нови пазари. Дел од имињата што ќе ги видиме на сцената се Хенрик Исаксон, директор за трговска политика во Confederation of Swedish Enterprise, Ема Гарет, правен советник во SCC Arbitration Institute, Н.Е. Кристин Мелсом, амбасадорка на Норвешка за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Робин Зимбаков, основач и извршен директор на „Солопром“ и сопственик на „Урбан ФМ“ и „Минисо Македонија“, Даница Личанин, основач и извршен директор на „Рептил Маркети“, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација и Горан Поповски, претседател на Global Land Vehicles во Dometic.

Учеството на „Бизнис Арена 2026“ е можност компаниите и професионалците да добијат повеќе од инспирација. Тоа е можност да стекнат применливи знаења, да ги преиспитаат своите деловни стратегии, да воспостават контакти со релевантни луѓе и да откријат конкретни патишта за раст и пристап до нови пазари.

Конференцијата е наменета за сите што сакаат да бидат чекор пред промените – од претприемачи што развиваат нов бренд и компании што се подготвуваат за извоз, до искусни деловни лидери што бараат нови партнерства, идеи и можности за проширување.

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој.

Официјалната веб-страница на конференцијата е активна, а започната е и продажбата на билети. Целосната програма, информациите за говорниците и билетите се достапни на www.biznisarena.mk.

- Advertisement -