Апликацијата Threads веќе има над 100 милиони корисници

- Advertisement -

Новата апликација на Instagram, Threads, веќе ја надмина бројката од 100 милиони корисници за само неколку дена, што значи дека привлече многу повеќе корисници за многу пократок период во споредба со AI четботот ChatGPT. Четботот на компанијата OpenAI достигна бројка од 100 милиони корисници после два месеци, додека Threads беше пуштена во употреба минатата среда. Бројот на корисници постојано се зголемува и може да се провери преку апликацијата Instagram.

Threads се покажа како хит од самиот почеток. Во првите два часа дби дури 2 милиони корисници, а нивниот број брзо се зголеми на 5, 10, 30 и потоа 70 милиони. Директорот Марк Цукерберг призна дека лансирањето на Threads ги надминало и нивните очекувања.

- Advertisement -

Корисниците не само што се пријавуваат, туку и објавуваат. Од минатата среда до ќетвртокот имаше над 95 милиони објави и 190 милиони допаѓања на апликацијата.

Threadѕ е уште на самиот зачеток, а од компанијата-мајка Metа велат дека целта не им е даго заменат Twitter. Како што вели директорoт на Instagram, Адам Мосари, компанијата нема активно да ја поттикнува политиката и тешките вести на платформата, но Threads на крајот може да стане место каде што луѓето доаѓаат на „разговор“.

- Advertisement -

Twitter до ноември минатата година имаше околу 260 милиони активно корисници дневно кои може да се монетизираат, барем така тврдеше Илон Маск. Неодамна Wall Street Journal објави дека на огласувачите им било кажано дека Twitter има 535 милиони активни корисници месечно кои може да се монетизираат.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: AppStore)

Сподели!
- Advertisement -