Нови, построги правила во ЕУ за отпадот од батерии

- Advertisement -

Собранието на ЕУ ја потврди уредбата со која се воведуваат построги правила за одрливоста на батериите и отпадните батерии. Со уредбата по прв пат се одредува целиот животен циклус на батериите: од производството до повторната употреба и рециклирањето, но и нивната безбедност, одржливост и конкурентност.

Ќе се однесува на сите батерии – од отпадните преносни батерии, батериите за електрични возила, индустриските батерии до батериите за електрични велосипеди, мопеди и ромобили.

- Advertisement -

Батериите се клучен елемент за процесот на декарбонизација и премин на ЕУ на превоз со нулта емисија на гасови. Освен тоа, батериите на крајот од животниот век содржат бројни вредни ресурси и мора да можеме целосно да ги реупотребиме наместо да ги бараме од трети земји, Со новите правила ќе се зголеми конкурентноста на европската индустрија и ќе се осигура одржливоста на новите батерии, како и придонесот кон зелената транзиција, велат од ЕУ.

Како што велат од Собранието на Европа, целта на новата уредба е да ја промовира циркуларната економија, што подразбира и поголема одговорност на производителите.

- Advertisement -

Со уредбата се утврдуваат целите за производителите во поглед на собирањето отопадни преносни батерии (63% до крајот на 2027 година и 73% до крајот на 2030 година), а се воведува и посебна цел за собирање отпадни батерии за лесни превозни средства (51% до крајот на 2028 година и 61% до крајот на 2031 година).

Исто така, одредена е цел за употреба на литиум од отпадни батерии на 50% до 2027 година и 80% до крајот на 2031 година, што може да се смени со делегирани акти во зависност од пазарниот и технолошкиот развој и достапноста на литиумот.

- Advertisement -

Се предвидуваат и минимални рециклирани содржини во индустриските батери, SLI батериите и батериите за електрични возила. Тие првично беа утврдени на 16% за кобалт, 85% за олово, 6% за литиум и 6% за никел. На батериите ќе мора да се прилагоди и документацијата за рециклирани содржини. Истовремено, целта за ефикасност на рециклирањето никел-кадмиумски батерии е утврдена на 80% до крајот на 2025 година, а 50% до крајот на 2025 година за останатите отпадни батерии.

Посебно нагласуваат дека со оваа уредба се предвидува крајниот корисник до 2027 година да може да ги отстрани и да ги замени батериите вградени во уредите. Одложувањето од четири години, велат од ЕУ, на производителите ќе им даде доволно време да го прилагодат дизајнот на своите производи на оваа уредба.

(Zimo)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -