Генијален изум за летните горештини – персонален клима уред кој се носи под облека

- Advertisement -

Колку често деновиве посакавте да имате нешто што би ве разладило и кога не сте во просторија со клима уред? Нешто слично на личен клима уред. Веројатно секој ден посакувате да имате нешто такво.

Јапонската компанија Gloture е компанија која се занимава со развој на различни производи, а еден од најпопуларните во текот на летните месеци сигурно ќе биде нивниот климатизиран појас WearCool.

- Advertisement -

Како што тврдат на нивната интернет страница, WearCool може да се носи под облека, но и преку потенка облека. Го опишуваат како паметен вентилатор кој го лади телото со создавање лесен ветар покрај површината на кожата. Се напојува со батерија од 5.000mAh, која може да се полни преку USB-C кабле, а која е доволна за 17 часа постојано ладење.

Иако од Gloture велат дека лади со дување ветар со јачина од 5 метри во секунда, што е споредливо со лесен ветар, можете да бидете сигурни дека поради него нема да настинете или да се заболат бубрезите и грбот.

- Advertisement -

За да биде удобен за носење кучиштето е направено од материјал кој ја апсорбира топлината и повеќе вентилатори кои се насочени да дуваат нагоре, Тежок е само 488 грама (отприлика колку два паметни телефони), а може да го носат луѓе чија половина има обем од 70 до 105 см.

WearCool се контролира преку апликација, што овоможува дикретно менување на поставките дури и кога сте во јавен превоз или на состанок. Но, за жал, WearCool ќе биде достапен само во Јапонија по цена од околу 210 евра. Иако на своите интернет страници не прецизираат дали доставуваат и во Европа, изгледа дека трошоците за царина и за поштарина сепак би биле превисоки.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Gloture)

Сподели!
- Advertisement -