Илон Маск вели дека на лидерите во кинеската власт им рекол дека создавањето на дигитална суперинтелигенција водена од вештачка интелигенција може да ја узурпира Комунистичката партија на Кина и да преземе контрола над државата.
Маск дели дека на Twitter Spaces минатата среда доста време разговарал со високото раководство на земјата и дека разговарале за потенцијалните опасности на вештачката интелигенција и потенцијалот технологиите да преземат контрола.
„Мислам дека имаше ефекти. Ниедна влада не сака да биде совладана од дигитална суперинтелигенција“ вели Маск.
Ова негово предупредување доаѓа во период кога самиот тој ја претстави својата нова компанија xAI, која има за цел да и конкурира на OpenAI и на другите технолошки компании, додека намерата е да се разбере природата на вселената.
„Мисла дека обидот да се разбере вселената ќе биде од корист за човештвото од апскет дека човештвото е многу поинтересно од нечовештвото„ рече Маск за време на повикот.
Мск веќе претходно го вклучуваше алармот поради потенцијалните опасности вештачката интелигенција да стане некој вид на суперинтелигенција, со некои способности кои ги имаат луѓето. Неговата загриженост се зголеми со појавата на ChatGPT.
Тој на кинеската влада и рекол дека сака да стави пауза на напредокот на вештачката интелигенција, но дека тоа не се чини реално.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)