Научници создадоа правила за играње фудбал на Месечината

- Advertisement -

Кога луѓето ќе имаат постојана населба на Месечината, ќе биде битно да одржуваат кондиција, а за тоа нема подобро од фудбалот. Група од инженери, технолози и научни експерти од Институтот за инженерство и технологија ја направија првата книда со правила за лунарен фудбал, за прилагодување на фудбалот на условите на Месечината.

Меѓу промените во играта е и 1,5 пат поголемата топка, четири четвртини со по 10 минути игра,холограмски судија, терен во полутопка со мрежи на ѕидовите, без правила за офсајд и игра која станува спорт без контакт.

- Advertisement -

Технолшките експерти предвидуваат дека првиот натпреват на Месечината би можел да се случи во 2035 година, а тоа е базирано на развојот на трите нации кои се први во освојувањето на вселената.

Со само 1/6 од земијната гравитација и без отпор на ветрот или воздухот, топката на Месечината ќе се однесува сосема поинаку. Топката ќе патува со иста брзина како на Земјата, но ќе стигне отприлика 6 пати подалеку. Затоа мора да има јадро од аерогел за да добие компресибилност која овозможува отскокнување иако не содржи воздух. Топката наполнета со воздух веорјатно брзо би се уништила поради разликата во притисокот со надворешниот вакуум.

- Advertisement -

Наместо стандардна опрема, на играчите ќе им треба флексибилен херметички костим, кој има потстава за колената и за лактите. Секој костим ќе има систем за ладење и греење, кој ќе може да се прилагоди на месечевата клима. Кацигите мора да бидат дизајнирани за комуникација меѓу играчите и поглед од 180 до 270 степени, како и екран во визир со приказ на одлуките на судијата.

За да се осигура безбедноста и да се избегнат судири, во секоја екипа ќе има по петмина играчи, а ќе се игра без контакт. Ударите со глава нема да бидат дозволени за да се избегне оштетување на костимот и кацигите.

- Advertisement -

Теренот за играње ќе биде долг 32 метри и широк 25 метри, што е 8 пати помало од стандардните игралишта на Земјата. Доловите ќе се прошират до 1,5 пати пошироко и 1,2 повисоко за да се земе предвид поголемата топка ифактот дека скокањето е полесно на Месечината.

(Vidi.hr)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -