Microsoft ќе го прави првото виски во светот направено од вештачка интелигенција

- Advertisement -

Вештачката интелигенција донесе неверојатни промени во секојдневниот живот – од образованието до здравството, од бизисот до медицината, истражувачите почнаа да додаваат технологија насекаде, па овој индустриски сектор станува се помоќен. Но, никој досега нема видено виски направено од вештачка интелигенција, нели?

Токму затоа со зачудување светот ја прими веста дека Microsoft ќе го прави првото виски во светот со помош на вештачка интелигенција во соработка со шведската компанија Mackmyra Whisky и технолошката компанија Fourkind.

- Advertisement -

За да се направи добро виски потребно е тоа три години да зрее во дрвени буриња, а потребни се најмалку 12 години за да се добие добар скоч. Староста и видот на дрвото од кое се направени бурињата влијаат на вкусот, но многу од аромите на вискито може да се добијат од разни алкохоли и мешавини. Токму затоа има милион можности како да се направи скоч, а речиси е невозможно да се најдат други рецепти за правење виски. Со други зборови, алгоритмот може да направи виски за кое луѓето можат само да сонуваат.

На страницата на шведската компанија се вели дека вискито ќе има жолта боја, а во однос на мирисот ќе биде мешавина од тофи и ванила крем, со ноти на цитрусно овошје, круша, јаболка. Ќе има и хербални ноти на анасон, ѓумбир и бел бибер, како и мирис на дабовото дрво од бурињата.

- Advertisement -

„Ние постојано се трудиме да и се спротивставиме на традицијата, а токму тоа ќе го направиме со развојот на виски со помош на вештачка интелигенција. Сите знаеме дека вештачката интелигенција е битен елемент од развојот на човештвото и навистина сме возбудени што вештачката интелигенција ќе го надополни занаетот за правење квалитетно виски“ велат од Mackmyra.

Наводно, вискито веќе било претставено на технолошката конференција „The Next Web 2019’ во Амстердам, Холандија. Според информациите, моментално се ставаат рецептите за правење виски во технологијата за машинско учење на дестилеријата, како и податоците за продажбата и за преференците на купувачите. Со сето тоа вештачката интелигенција ќе генерира повеќе од 70 милиони рецепти кои би биле вкусни и со висок квалитет во зависност од бурињата кои ги има компанијата.

- Advertisement -

Microsoft исто така во блог на нивната страница напиша за вискито направено со вештачка интелигенција со насловот „Запознајте го првото виски во светот направено од вештачка интелигенција“.

Сподели!
- Advertisement -