ChatGPT сега памти кои сте и што сакате

- Advertisement -

Еднa од првите опции на четботот ChatGPT AI беше да не може да ги памти разговорите и луѓето со коишто разговара, што значи дека после секоја сесија почнува од почеток и не може да креира одговори базирани на она што се споменало.

Компанијата OpenAI сега сака да го смени тоа, па тестира опција наречена Сustom instructions, која овозможува поставување на уникатни параметри кои остануваат запаметени од чет до чет. На пример, можете на четбото да му кажете рабти кои треба да ги памти за да може да ви дава попрецизни одговори базирани на претходните интеракции со нив.

- Advertisement -

Новата опција моментално е во бета тестирање и е достапна за претплатници на ChatGPT Plus, освен тие во Велика Британија и во ЕУ кои се пријавиле за тестирањето.

OpenAI оваа опција ја рекламира како начин за поедноставно поставување прашања, а не како прв чекор кон вештачка интелигенција која знае се за нас и ги предвидува нашите потреби.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -