Во кинеската покраина Сечуан почна бушење на дупка длабока над 10.000 метри во потрага по гас, пренесува агенцијата Sinhua. Тој базен е полн со нафта и гас, а длабочината треба да биде 10.520 метри.
Овој проект доаѓа после сличниот потфат на Кинеската национална нафтена корпорација, која почна дупчење на бушотина во покраината Синџан во мај фодинава, која ќе биде најдлабоката кога било ископана во Кина. Таа дупка ќе биде длабока 11.000 метри, а научниците сакаат да ги проучуваат слоевите длабоко под површината на земјата.
Меѓутоа, тоа нема да биде најдлабоката дупка која ја направил човекот. Моментално рекордот го држи Колската упрадлабока бушотина од 1979 година. Во прашање е советски проект во близина на руската граница со Норвешка, а е длабока 12.262 метри.
(Biylife)
(фото: Flickr)