УНЕСКО повикува на глобална забрана на мобилните телефони во училиштата

- Advertisement -

Мобилните телефони треба да се забранат во училиштата за да се подобри процесот на учење, да не се нарушува текот на часовите и да се помогне да се заштитат децата од онлајн насилство, се препорачува во извештајот на Обединетите нации.

Канцеларијата за образование, наука и култура при Обединетите нации – УНЕСКО соопшти дека пронашле докази дека прекумерното користење на мобилните телефони е поврзано со намалените образовни перформанси на учениците и дека високото ниво на време поминато пред екранот негативно влијае врз емотивната состојба на децата.

- Advertisement -

Оттаму велат дека повикот за забрана на смартфоните во училиштата праќа јасна порака дека дигитална технологија како целина, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција секогаш треба да биде подложна на „човечко-центрирана визија“ и никогаш да не ја замени интеракцијата лице в лице меѓу учениците и наставниците.

УНЕСКО ги предупреди креаторите на политики за непромисленото прифаќање на дигиталната технологија аргументирајќи дека дека позитивното влијание што технологијата го има врз учењето и економската ефикасност може да се преценат, како и дека ако нешто е ново, не секогаш значи дека е подобро.

- Advertisement -

„Не секоја промена води кон напредок. Само затоа што нешто може да се направи, не значи дека треба да се направи“, децидни се оттаму.

Со тоа што учењето се повеќе се движи во насока на онлајн учење, особено на универзитетите, УНЕСКО ги повика креаторите на политики да не ја забораваат „социјалната димензија“ на образованието каде студентите имаат настава лице в лице.

- Advertisement -

Пред две недели Холандија соопшти дека ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата, слично како разни европски и светски земји.

Целиот текст на Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -