Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска оцени дека еврозоната се приближува до целта од два отсто по напредокот во борбата против инфлацијата.
„Очигледно е дека монетарната политика почна да работи на намалување на инфлацијата. Тоа се гледа од кредитните бројки и каматните стапки, а граѓаните го знаат тоа, како и од висината на кредитите кои се во пад, како и од побарувачката на фирмите за кредити“, вели таа во интервју за Парискиот весник Фигаро.
Таа додаде дека тоа се гледа и во економијата, во недвижностите и инвестициите.
Говорејќи за шпекулациите дека од септември ќе има пауза во зголемувањето на каматите, претседателката на ЕЦБ беше нејасен, велејќи дека „можеби ќе има уште едно покачување на каматите или можеби пауза“.
„Паузата, без оглед на датумот, во септември или подоцна, не мора да биде конечна“, рече таа и потсети дека бара „одржливо намалување на инфлацијата до целта“ – до два проценти.
Растот на цените секако е забавен во последните месеци, додека ЕЦБ постојано ги зголемуваше каматните стапки со цел да ја забави инфлацијата, која во јуни во еврозоната изнесуваше 5,5 отсто на годишно ниво.
(Denar.mk)
(фото: Wikimedia)