Повик за креирање образовни апликации или наставно-дидактички ресурси за поддршка на инклузивното образование

- Advertisement -

Проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби (ПОП)“ поддржан од Детската фондација „Песталоци“, спроведуван од Здружението за асистивна технологија „Oтворете ги прозорците“, отвора повик со кои ги повикува факултетите (вклучени во проектот) да аплицираат со идеи за  креирање на апликации/ресурси за поддршка на инклузивната настава, односно инклузивниот воспитно-образовен процес во основните училишта.

„Главната цел  е да се поттикнат факултетите да ги насочат своите стручни, научни и технички капацитети во изнаоѓање решенија за креирање ресурси и апликации што ќе ја збогатат средината за учење и развој за сите деца. Реализацијата на најдобрите две предлог-решенија ќе биде поддржана со грантови обезбедени од проектот“, стои во повикот на „Отворете ги прозорците“.

- Advertisement -

Потребата за објавување на овој повик, велат тие, произлегува од недостатокот на ресурси и апликации на наставните јазици кои се застапени во нашето образование.

„Затоа се објавува овој повик преку кој од апликантите се очекува да креираат апликации и ресурси за поддршка на образованието, и од аспект на учениците и од аспект на наставниот и стручниот кадар во училиштата“, посочуваат од Здружението. .

- Advertisement -

Инклузивните апликации/ресурси се очекува да бидат во форма на:
1.инклузивно решение во форма на мобилна/веб-апликација, што би ја користеле наставниците во работата со сите ученици, вклучително и ученици со ПОП и/или би ја користеле учениците како поддршка во учењето и развојот;
2.инклузивно решение во форма на наставно-дидактички ресурси (водич/прирачник/алатка за процена и следење и сл.) за наставниците/стручните соработници со содржини или методологија што би го поддржале спроведувањето на инклузивната настава, во форма на онлајн пишан документ (PDF/HTML).

Повеќе за повикот ТУКА.

Сподели!
- Advertisement -