Porsche создава своја мрежа на станици за полнење во Европа

- Advertisement -

Porsche планира да постави сопствени станици за полнење долж најбитните европски рути, а како пилот локација првиот Porsche Charging Lounge е отворен покрај германскиот град Бинген ам Рајн и нуди шест станици за брзо полнење од 300 kW DC и четири места за полнење од 22 kW AC.

Сместени во близина на прометни рути со значителен проток на сообраќај, отворени 24 часа дневно, со многу високи перформанси на полнење, удобен амбиент и практични, новите Porsche Charging Lounges станиците за полнење се совршено прилагодени на барањата на возачите на Porsche за долги патувања.

- Advertisement -

На тие станици сите електрични и плагин хибридни модели на Porsche можат да наполнат електрична енергија на моќни полначи кои ги произведува компанијата Alpitronic, која е специјалист за електроника. Станиците за брзо полнење моментално обезбедуваат максимални 300 kW, но може да се надградат за уште побрзо полнење. До почетокот на идната година треба да може да се постигнат 400 kW, а при полнењето се користи енергија од сертифицирани обновливи извори.

„Porsche си зацрта амбициозен план за електрификација до 2030 година. Дотогаш сакаме над 80% од автомобилите кои ги доставуваме да бидат електрични. Ова амбициозно зголемување бара високоефикасна и густа мрежа за брзо полнење“ велат од Porsche.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -