Таа е и една од стипендистките на Академијата за лидерство и менаџмент на Бреинстер бидејќи е решена да ги развива своите лидерски вештини, за да може успешно да го води и менаџира тимот и бизнисот
Лидерските вештини се клучни за поттикнување на организациските промени, инспирација на тимовите и успех во компаниите. Ефективните лидери поседуваат способност да ги усогласат деловните активности, да се справат со сложени предизвици и да ги балансираат иновациите со профитабилноста.
Препознавајќи ја оваа потреба, Ed-Tech организацијата Бреинстер (Brainster) ја креираше Академијата за лидерство и менаџмент, која става силен акцент на развивање на лидерски вештини преку својата сеопфатна програма, преку алатки и знаења потребни за ефективно водење на компании, поттикнување на раст и иновации во нивните организации.
Но, ова не е само уште една нова образовна иницијатива. Имплементацијата на програмата за стипендии носи со себе значително влијание врз различноста во ИТ- индустријата. Со обезбедување можности преку стипендии за девојките и жените да ги унапредат своите кариери во ИКТ-секторот, Бреинстер има за цел да создаде поинклузивна средина. Жените лидери носат уникатни квалитети и стилови на лидерство кои позитивно влијаат не само на компаниите, туку и на пошироката заедница и на цели сектори.
Една од стипендистките што го препозна потенцијалот на програмата за поддршка и поттикнување на учеството на жените и младите професионалци на Академијата за лидерство и менаџмент е Натали Ристовска, Co-founder & Creative Director на Yova – првиот македонски моден етички бренд кој рачно изработува модни додатоци со техника на хеклање/плетење без да создава отпад.
Интересно е тоа што името на брендот е всушност кратенка од Јованка, името на бабата на Натали која ѝ ја пренела љубовта кон плетењето.
Успешен претприемач го разбира секој сегмент од бизнисот
Натали живее и работи во Милано, како дизајнер и консултант за етички животен циклус за развој на производи. Во изминативе години, нејзината работа се сведува на реализирање проекти поврзани со 3D технологијата на плетење во секторот за дизајн на производи. Уникатните модни додатоци од овој бренд се креирани со техниката на хеклање и се направени од сертифицирани материјали кои потекнуваат од одржливо управувани шуми. Производите се изработуваат рачно и на традиционален начин.
„За да бидеш успешен претприемач, треба да го разбираш секој сегмент од бизнисот. Сакам да учам и да преземам нови чекори, а лидерството дојде природно со формирањето на овој бренд, па верувам дека Академијата за лидерство и менаџмент ќе ми помогне да бидам подобар лидер и подобро да го водам и менаџирам мојот тим и бизнисот“, вели таа.
Натали се смета себе си за доста активна личност која постојано сака да учи, да презема нови чекори и да се надградува.
„Веќе десеттина години работам како дизајнер и како консултант за етички животен циклус за развој на производи. Најголем дел од клиентите ми се од Италија, каде што паралелно живеам. За едно од најголемите достигнивање досега, можам да ја издвојам наградата Honourable Mention Compasso D’oro 2020 за проектот R.I.G. Bathroom. Бев дел од тимот кој го дизајнираше овој дизајн додека работев во MA/Studio, бренд во сопственост на Boffi“, ни раскажа таа.
Првиот македонски моден етички бренд
Натали е ко-основачка и креативна директорка на Yova, бренд што го основала заедно со нејзината сестра Оливера. Таа ни открива дека YOVA е првиот македонски моден етички бренд кој рачно изработува модни додатоци со техника на хеклање/плетење и без создавање на отпад.
„Со плетење се занимавам уште како дете, а за време на ковид пандемијата која ја поминав во изолација во Милано, си направив предизвик секој ден да дизајнирам некој нов плетен дизајн. Сфатив дека тоа е работа која навистина ме опушта и дека треба нешто посериозно да преземам во врска со тоа. Така можеби и започна идејата позади YOVA, која денес е спој на сето мое досегашно искуство и страст“.
Младите претприемачи и лидери во денешниот бизнис свет се сочуваат со големи предизвици. Натали вели дека започнување и водење бизнис бара вложување на значително време и енергија и понекогаш е тешко да се балансира меѓу работата и приватниот живот.
„Помалку човечки ресурси се вклучени во процесот, што значи една личност извршува повеќе позиции. Нов бренд, со мали ресурси многу потешко и побавно го наоѓа местото на пазарот. Често се соочуваме со притисок да донесуваме критични одлуки со ограничени ресурси и мал простор за грешки“, вели таа.
Но, за бидеш успешен претприемач, треба да го разбираш секој сегмент од бизнисот, вели таа, па затоа и се решила да се запише на академијата на Бреинстер. Досегашното кариерно искуство ја подготвило за дел од процесите кои се потребни да се стартува и организира еден бизнис, како што се: развој на производ, организација на целиот производен процес, арт дирекција, пристап до финансии и анализа на пазар, како и менаџирање на сите овие процеси.
„Меѓутоа, иако веќе долги години работам, сепак никогаш не сум била лидер на еден бизнис. Сакам да учам и да преземам нови чекори, а лидерството дојде природно со формирањето на овој бренд, па верувам дека оваа програма ќе ми помогне да бидам подобар лидер и подобро да го водам и менаџирам мојот тим и бизнисот“.
Сакам да го пронајдам мојот автентичен стил на лидерство
Таа очекува академијата да ја подготви подобро да се справува со ризици, подобро да алоцира ресурси, поефикасно да менаџира и да го води нејзиниот тим. Да научи како да формира победнички тим кој ќе го максимизира талентот на тимот, ќе поттикнува подобар перформанс и ќе стимулира резултати.
„Би сакала да работам повеќе на моите меки вештини, во сите сегменти од бизнисот. Да го пронајдам мојот автентичен стил на лидерство, да креирам работна средина која е пријатна, го поттикнува талентот и перформансот на вработените и стимулира резултати, а воедно да бидам постратешка во преговарања“.
Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Бреинстер, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.
На Академијата за лидерство и менаџмент отворен е повик за стипендии на жени, девојки и млади лица.