Светскиот ден на млади ќе се одбележи на велосипед, под отворено небо

- Advertisement -

Со кино-проекции под отворено небо, младинската организација „Биди зелен/Go Green“ ќе го одбележи Светскиот ден на млади, (12 август).

Во паркот на Франкофонијата, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на кратките филмови „Приказна на точак“ (Bike stories, 15 мин) и „Нозете на Амстердам“ (Legs of Amsterdam, 12 мин).

- Advertisement -

Настанот е организиран во рамките на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3”, имплементиран од Гоу Грин, финансиран од Канцеларијата на Фондацијата Хајнрик Боел во Сараево.

Сподели!
- Advertisement -