Воен дрон по прв пат самостојно леташе 3 часа управуван од алгоритам на вештачка интелигенција, развиен со машинско учење. Истражувачката лабораторија на американските воен сили AFRL го спроведе тој тричасовен лет со воениот дрон без екипаж XQ-58A Valkyrie со користење на алгоритам за вештачка интелигенција.
„Мисијата ја потврди повеќеслојната безбедносна рамка на авионот без екипаж со кој управува AI/ML и го демонстрираше AI/ML пилотот, кој го решава тактички релевантниот проблем со предизвиците во текот на воздушните операции“ изјави полковникот Такер Хамилтон.
Тој додаде дека овој лет официјално овозможува развој на AI/ML пилоти кои ќе ги извршуваат модерните вештини воздух-воздух и воздух-земја, кои веднаш може да се пренесат на другите програми за автономија.
„Тимот AACO (Autonomous Air Combat Operations) направи повеќестепен пристап во тестирањето на летање без екипаж со вештачка интелигенција на машинско учење и ги исполни целите на оперативното експериментирање со користење на комбинација од компјутери со високи перформанси, моделирање и симулации и тестирање на хардвер за пилотот на вештачката интелигенција да се оспособи за безбедно летање со авионот XQ-58 без екипаж“, изјави водителот на програмата AACO, д-р Тери Вилсон.
Бригадниот генерал Скот Кејн од AFRL верува дека вештачката интелигенција ќе биде клучен елемент во идните војни и ќе ја зголеми брзината со која ќе мораме да ја разбираме оперативната слика и да носиме одлуки.
„Вештачката интелигенција, автономните операции и комбинацијата на луѓето и машините продолжуваат да се развиваат со невидена брзина и потребни ни се координирани напори на владите, академските заедници и индустриските партнери за да држиме чекор“ додава Кејн.
(Vidi.hr)
(фото: Vimeo)