Huawei казни двајца вработени затоа што објавија новогодишна честитка од нивниот iPhone

- Advertisement -

Huawei казни двајца вработени и им ги намали платите откако својата новогодишна честитка на Twitter ја објавија од својот iPhone. Потпретседателот на кинескиот гигант изјави дека овој инцидент му нанел штета на брендот на Huawei, па на вработените им се скратени платите за околу 730 долари.

Во интерна порака од компанијата се наведува дека инцидентот се случил откако агенцијата за социјални медиуми на Нuawei, Sapient, имала VPN проблеми на својот компјутер. Како решение, вработените поставиле „твит“ од iPhone.

- Advertisement -

„Твитот“, кој сега е избришан, брзо се прошири на Twitter.  Huawei објави нов, но во коментарите на истиот корисниците на Twitter главно ставаа screenshot од првобитниот „твит“.

Ова не е прв пат технолошките компании да се соочуваат со, како што велат експертите, срам на Twitter. Samsung минатата година мораше да избрише повеќе од 300 „твитови“ поставени од уреди на Apple. Слична беше и ситуацијата кога за реккламирање на Huawei и Google на социјалните мрежи беа поставувами содржини од iPhone.

Сподели!
- Advertisement -