Бугарија ја отвара првата акедемија за овчари

- Advertisement -

Во Бугарија е отворена првата овчарска академија коај треба да ги опфати сите заинтересирани кои сакаат да го научат процесот на одгледување и чување овци во склад со старите обичаи, но и да се обнови заборавената традиција.

Во секоја од четирите сезони на обука, учесниците ќе може да учат за историјата на автохтоните раси на овци во Бугарија, правењето на торови за овци, паша и молзење на животните, чистење на пашите и за традиционалното сточарство.

- Advertisement -

Во првата сезона се пријавиле 20 заинтересирани возрасни лица и осум деца кои активно учествуваат во чување стада на две традиционални видови – каракачанска овца и долговлакнеста планинска овца, пишува бугарската агенција BTA.

Со оваа акедемија организаторите сакаат да го поттикнат зачувувањето на автохтоните видови овци кои ги сметаат за живо национално богатство. Каракачанската овца, која е отпорна на остра клима, болести инфекции, како и долговлакнестата планинска овца имаат важна улога во зачувување на екосистемот во планиските делови на Бугарија.

Извор: Beta
Фото: Wallpaper Flare

Сподели!
- Advertisement -