Европската комисија ги намалува адитивите во храната за да ги заштити луѓето од канцер

- Advertisement -

За да ги заштитат потрошувачите од потенцијално канцерогените супстанции во храната, Европската комисија усвои правила за намалена граница за употреба на нитрити и нитрати како адитиви во храната. Причината за ваквата одлука е заштита од патогените бактери како што се листерија, салмонела или клостридија, а се базирани на строга научна проценка на Европската комисија за безбедноста на храната EFSA.

„Нашите граѓани очекуваат да имаат безбедна храна и тоа секогаш било камен-темелник на мојот мандат“ вели комесарката за здравје и безбедност на храната, Стела Киријакидес.

- Advertisement -

Таа додава дека со поставувањето ан нови ограничувања за нитрити и нитратни адитиви во храната се презема уште еден чекор напред во рамките на Европскиот план за борба против ракот. Комесарката ја повика прехранбената индустрија брзо да ги примени научно заснованите правила и каде што е возможно дополнително да ги намали за да го заштити здравјето на граѓаните.

Новите построги ограничувања ги земаат предвид разноликоста на производите и условите на нивното производство во ЕУ. Тие даваат јасен сигнал за индустријата и помалите потрошувачи дека е време да се позанимаваат со предизвиците кои ги претставува присуството на нитрити и нитрати во храната ширум ЕУ и долж целиот синџир на исхрана.

- Advertisement -

На производителите им е даден рок од 2 години да се прилагодат на овие нови правила.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -