Јапонија лансира Месечев снајпер

- Advertisement -

Јапонија ќе го лансира т.н. Месечв снајпер, со што сака да стане петтата земја по ред која ќе спушти вселенско летало на Месечината, пренесува Reuters. Ова лансирање ќе биде и тестирање на технологијата за слетување со цел понатамошен развој на вселенската програма.

Лансирањето доаѓа неколку недели откако Индија стана првата земја која спуштила летало на јужниот пол на Месечината. Мисијата на Јапонската агенција за ситражување на вселената е закажана за утре, четврток. Ракетата H-IIA, која носи паметен лендер за истражување на Месечината кој го нарекуваат Месечев снајпер, ќе полета од вселенскиот центар Танегашима во јужниот дел на Јапонија.

- Advertisement -

Лендерот SLIM е мал и лесен уред со висина од 2,4 метри, ширина од 2,7 метри и должина од 1,7 метри, а тежи околу 700 килограми. Месечевиот снајпер треба да се спушти на површината на поблиската страна на Месечината, кај лунарната рамнина Маре Нектарис.

Мисијата има за цел да слета лесно, евтино вселенско возило на Месечината во рамките на 100 метри од предвиденото место за слетување со користење на напреден систем за визуелна навигација. Мисијата вреди 100 милиони долари и возилото треба да слета на Месечината до март идната година.

- Advertisement -

Јапонската вселенска програма е една од најголемите во светот, но нивниот прв обид за слетување лендер на Месечината не успеа во ноември 2022 година, а новиот тип на ракета експлодираше на тестирањето минатиот месец.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -