Во Загреб отворена првата изложба на слики направени од вештачка интелигенција

- Advertisement -

Во Загреб свечено беше отворена уникатната изложба на слики наречена „Zagreb Art Singularity: When AI Meets Creation“, која авторски ја потпишува вештачка интелигенција. ВИП отворањето го привлече вниманието на меѓународната јавност и собра над 100 познати гости од Хрватска, Србија, БиХ и Словенија, кои се претставници на привантиот сектор, на државни агенции, како и угледни личности од светот на науката, умеснота, историјата и медиумите.

Ова е првиот таков проект во Хрватска и во регионот, а веројатно и во светот. Она што сме сигурни е дека ова е навистина технолошки и иновативен проект кој има за цел да ја поттикне љубопитноста и и интересот кај сите луѓе. Сакаме општата јавност да ја приближиме до оваа технологија.

- Advertisement -

Самиот проект има неколку димензии, а една од нив е таа каде што сакаме да ги охрабриме луѓето и да им ги прикажеме на класичен начин можностите на вештачката интелигенција и затоа го избравме визуелниот приказ, нешто што им е блиску и со што може да се поистоветат. Нашата цел е луѓето сами да почнат да истражуваат и да ја користат вештачката интелигенција и да учат од неа, велат организаторите на изложбата.

Сите заинтересирани граѓани можат да ја погледнат изложбата во хотелот Zonar Zagreb секој ден од 10:00 до 21:00 часот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -