Ова е првиот уред во светот кој го следи здравјето на пресадените органи

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Нортвестерн го направија првиот електронски уред за континуирано следење на здравјето на пресадените органи во реално време. Поставен директно на пресадениот бубрег, ултратенкиот мек имплант може да детектира неправилност на температурата кои може да се знак за воспаление и други телесни реакции, после што може да следува одбивање на органот. Потоа ги предупредува пациентите и докторите преку безжичен пренос на податоци до телефон или таблет, како што можете да видите од видеото во прилог.

Во новата студија научниците го тестирале уредот на мал животински модел со пресадени брубрези и откриле дека уредот дава предупредувачки знаци на отфрлање 2-3 недели порано од моменталните методи на следење. Тоа дополнително време на докторите ќе им овозможи побрзо да интервенираат, да ги подобрат исходите и здравјето на пациентите, како и да ги зголема шансите за зачувување на донираните органи.

- Advertisement -

Моментално златниот стандард за откривање на отфрлањето на органите е биопсијата, во која докторот користи долга изгла за вадење примерок на ткиво. Но, инвазивните постапки како биопсијата вклучуваат крварење, инфекција, болка, па дури и ненамерно оштетување на блиските ткива.

Новиот биоелектронски имплант на Универзитетот Нортвестерн ја следи температурата и бидејќи покачената температура вообичаени значи воспаление, истражувачитењ претпоставиле дека откривањето на абнормалното зголемување на температурата може да биде ран предупредувачки знак за потенцијално отфрлање на трансплантираните органи.

- Advertisement -

Срудијата спроведена на животни го покажала токму тоа. Во студијата научнциите забележале дека локалната температура на трансплантираните бубрези се зголемува, некаде и до 0,6 степени – пред отфрлањето на органот. Кај животните без имуносупресивни лекови температурата пораснала 2-3 дена пред промените во биомаркерите во приемроците на крв. Кај животните кои земале имуносупресивни лекови температурата не само што пораснала, туку покажала и дополнителни варијации дури 3 недели пред покачувањето на креатининот уреата во крвта.

Самиот сензор е многу мал – широк е 0,3см, долг е 0,7 см и дебел е 220 миркони, што значи помал е нокот и отприлика дебел колку едно влакно. За да го прицврстат на бубрегот Роџерс и неговиот тим ја искористиле биологијата на органот. Имено, целиот тим е обвиткан со фиброзен слој, наречен бубрежна капсула, која го штити органот од оштетување. Тимот на Роџерс го направил сензорот така да стои точно под слојот на капсулата, каде што е тесно прилепен на бубрегот.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -