Во Германија сè повеќе луѓе си признаваат на себе дека не можат да си дозволат користење на интернет. Минатата година тоа било случај со 2,6 отсто од граѓаните постари од 16 години, пишува германската новинска агенција ДПА. Германскиот завод за статистика денеска соопшти дека една година претходно, во 2021 година тој процент изнесувал 2,2 отсто.Минатогодишниот процент на луѓе кои не можат да си дозволат да имаат интернет во Германија е поголем од оној на европско ниво, кој во 2022 година изнесувал 2,4 отсто.
Меѓутоа, во земјите-членки на Европската Унија разликите се многу големи. Па така, 0,3 отсто од Финците рекле дека не можат да си дозволат да имаат интернет, додека во Романија тој одговор го навеле 9,1 отсто од граѓаните.
Извор – Мета
Фото – Pxhere