Samsung и музејот Метрополитен носат врвна уметност на Frame телевизорите

- Advertisement -

Samsung Electronics најави соработка со њујоршкиот Музеј на современа уметност Метрополитен за да донесе некои од најценетите метнички дела на The Frame телевизорите. Изборот на култните уметнички дела беше претставен на Samsung Art Store платформата, која на корисниците им овозможува да го трансформираат изгледот на секој простор со прикажување на над 2.300 уметнички дела, вклучувајќи и трудови на најпознатите уметници, музеи и експерти од индустријата.

Кориснциите на Samsung Art Store платформата можат да избираат меѓу 38 дела од широкиот спектар на познатите одделенија од музејот, вклучувајќи американска, азиска, египетска, европска, исламска уметнот итн. Делата ги избра кустосот на Samsung Art Store платформата, Дарија Грин. Во понуда има дигитални репродукции во висока резолуција на славните уметнички дела од различни култури и периоди. Избраните дела моментално се изложени во музејот Метрополитен во Њујорк.

- Advertisement -

Корисниците на Samsung Art Store платформата можат да ги прикажуваат омилените уметнички дела во својот дом, меѓу кои се: „Сончогледи“ на Винсент Ван Гог, „Мртва природа со јаболка и саксија“ на Пол Сезан и „Парада“ на Жорж Сере. Сопствениците на линијата телевизори The Frame исто така можат да прикажуваат древни артефакти како што се египетски амајлии со Хорусово око или Веџат и средновековно богатство, вклучувајќи го и „Заробениот еднорог“, односно позната француска и јужнохоландска таписерија од серијата „Лов на еднорог“ и уште многу други познати дела.

Целта на музејот со оваа соработка е преку своите колекции да претстави нови идеи и неочекувани врски низ времето и културите, кои совршено се вклопуваат во соработката со платформата Samsung Art Store, една од најголемите платформи од овој тип. Со прикажувањето на уметност од музеии и галерии ширум светот на корисници на The Frame телевизори во 42 земји, Samsung Art Store открива векови и векови ументост – од стари мајстори како Ботичели, Леонардо да Винчи, Гоја и Ван Гог до современи уметници како Шиник Шмит и многу други.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Samsung)

Сподели!
- Advertisement -