Netflix влегува на сосема нов пазар

- Advertisement -

Netflix доминира со пазарот за видеостриминг, а наводно размислуваат за нов сервис кој на претплатниците ќе им овозможи пристап до видеоигри. Изминатата година и половина, откога почна пандемијата, која ни ги смени животите, за многумина ја одбележаа алатки и сервсиси како Zoom и Netflix, односно времето поминато помеѓу четири ѕида посветено на видеоигри. Во текот на тој период скокна продажбата на гејмерски хардвер и игри, а иако со укинувањето на строгите мерки можеме да очекуваме дека луѓето ќе се вратат на старите навики и времето поминато дома ќе го заменат со социјализирање, некои ќе ги задржат своите навики и ќе продолжат со играње.

Изгледа и Netflix гледа голем потенцијал на пазарот за видеоигри, компанијата размислува за стартување сервис за видеоигри. Моментално се во потрага по некој кој би ги водел операциите за ширење на гејмерскиот бизнис, а во текот на изминатата недела директорите на компанијата одржаа состаноци со некои од најбитните имиња од индустријата за видеоигри.

- Advertisement -

Така, кружат гласини дека во Netflix размислуваат за тактика која Apple ја примени со својот сервис Arcade. За тој сервис потребно е да се плаќа месечна претплата која на корисниците ќе им овозможи пристап до сите игри без дополнителни трошоци и без реклами. Иако Netflix во својот потенцијален сервис би можел да користи наслови од трети страни, односно девелопери и гејмерски студија кои немаат врска со компанијата, инсајдерите од гејмерската индустрија веруваат дека Netflix би можел да развива игри базирани на нивните оригинални содржини.

(TechSpot)

- Advertisement -

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -