Во првиот квартал од 2026 година 45,5% од електричната енергија произведена во Европската унија доаѓа од обновливи извори, во споредба со 42,7% во истиот период минатата година.
Најголемиот извор на обновлива електрична енергија во ЕУ е енергијата на ветерот, која учествува со 44,9 проценти од вкупната електрична енергија произведена од обновливи извори.
Во првиот квартал од 2025 година овој удел бил 42,3 проценти, според податоците на Евростат.
Хидроенергијата е втор најважен извор, со удел од 28%, додека сончевата енергија учествува со 17,3% во производството на електрична енергија од обновливи извори.
Остатокот од обновливата електрична енергија е произведен од запалливи обновливи горива, со удел од 9,4%, и од геотермална и други извори на енергија, кои учествувале со 0,4%.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, Данска има најголем удел на електрична енергија од обновливи извори, 90 ж%, при што доминира енергијата на ветерот.
По неа следуваат Португалија со 82,9%, главно благодарение на хидроенергијата, и Литванија со 75,7%, исто така главно од енергијата на ветерот.
Најниските удели на електрична енергија од обновливи извори се забележани во Чешка – 12,7%, Малта -13 проценти и Словачка – 17,2%.
(Klix.ba)



























